ВИДЕО: Хали Бејли одушевува во официјалниот трејлер за „Малата сирена“

 

„Дизни“ ги одведе гледачите под морето во својот официјален трејлер за „Малата сирена“.

Претставен во текот на 95. доделување на „Оскарите“, во трејлерот има многу навестувања на оригиналниот анимиран филм, како, на пример, Ариел го спасува принцот Ерик од бродолом, конфронтацијата на Ариел со татко ѝ, кралот Тритон, првата средба на принцезата сирена со морската вештерка Урсула и моментот кога, конечно, ќе го добие својот прв пар нозе.

Повеќето, ако не и сите овие визуелни слики, се придружени со волшебната изведба на Хали Бејли на Part of Your World, култна песна од „Малата сирена“.

14.03.2023 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа