(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот во атар на с. Руѓенце

 

Денеска (05.09.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атар на село Руѓенце, општина Старо Нагоричане, го упати хеликоптерот Бел-212 и дејствуваше координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, при што се локализирани неколку краци од пожарот кои се наближуваа до куќите, известија од МВР.

Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 20 тони вода.

05.09.2023 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега