(ВИДЕО) Излезе трејлерот за претстојниот документарец за Бекам

Документарна серија за поранешниот фудбалски ас Дејвид Бекам набргу ќе почне да се емитува на „Нетфликс“.

Стриминг-платформата во вторникот го објави првиот официјален трејлер.

Серијата ги следи подемите и падовите во животот на Бекам – и како глобална спортска ѕвезда и како глава на една од најпознатите славни фамилии.

Документарецот, со наслов „Бекам“, има четири дела и говори за глобалната фудбалска ѕвезда и културна икона. Дејвид Бекам е едно од најпознатите имиња на планетата, но малкумина знаат кој е тој навистина, велат од „Нетфликс“.

„Од неговите скромни почетоци во работничка класа во источен Лондон, неговата желба и решеност за победа и битката да најде рамнотежа помеѓу амбицијата, љубовта и семејството, неговата приказна е приказна за огромни подеми и падови“. вели стриминг-гигантот.

20.09.2023 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега