ВИДЕО: Кејти Пери прошета на Страдун во Дубровник, фановите воодушевени

 

 

На „Тик-ток“ осамна видео „Дали ја видовте Кејти Пери во Дубровник?“, на кое се гледа како музичката ѕвезда шета на познатата улица во хрватскиот град.

Видеото го сними и го сподели нејзин фан.

Додека музичката ѕвезда беше на разгледување знаменитости со својот партнер Орландо Блум и со блиските пријатели Џеф Безос и неговата свршеница Лорен, како и пејачот Ашер, околу неа почнаа да се собираат фанови и да ја фотографираат.

„Еј, Кејти“, се слуша како викаат, но пејачката не реагира. Всушност, се чини како да не ужива претерано во вниманието на Страдун.

Сепак, тоа не го намали ентузијазмот на корисниците на „Тик-ток“, кои беа воодушевени од видеото. „Би умрел да ја сретнам“, „Таа е преубава“, „Замисли да ја запознаеш Кејти Пери во Дубровник“, „Таа беше со мене во авионот од Минхен за Дубровник“, напишаа воодушевените фанови.

Сепак, имаше и такви што забележаа дека Кејти не го дели нивниот ентузијазам. К „ги остави на seen“ кога викаа по неа: еј, Кејти, се пошегува еден корисник на сметка на нејзината рамнодушност кога извикуваа по неа: здраво, Кејти.

Таблоидите потсетуваат дека Кејти е во Хрватска на јахтата на Безос вредна 500 милиони долари. Пред Хрватска беа во Грција и Италија.

@lubisbryanjohnc Have you seen Katy Perry in Dubrovnik just now? #katyperry #hollywood #katycats #katyperryfan #dubrovnik #croatia #tiktokeurope #summer #travel #katyperryroar #oldtown #actress #star #starstruck #fan ♬ original sound - Bryan John Lubis

21.08.2023 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега