ВИДЕО: Келнер во САД одбил да послужи муштерика бидејќи немала маска, а сега доби бакшиш од речиси 100.000 долари

Вработен во Старбакс во Сан Диего (САД), кој одби да послужи муштерија затоа што не носи заштитна маска, доби речиси 100.000 долари во облик на дониран бакшиш, откако видео од настанот беше објавено на Фејсбук.

Ленин Гутиерез (24) ја одработувал својата смена кога една жена без маска влезе во локалнот, пренесува “NBC”.

Гутиерез ја прашал дали има маска за лице, но пред да успее да и ги покаже правилата на неговата компанија според кои од муштериите се бара да носат маски, жената го нападнала, а потоа и го снимила.

Откако незадоволната жена ја објавила снимката на социјалните мрежи, се случи пресврт што сигурно не се очекуваше.

Како што понатаму пренесува американската телевизија, на интернет за брзо време се појави страницата “GoFundMe page for barista Lenin Gutierrez”, на која беше објавено споменатото видео, а од корисниците беше побарано да донираат бакшиш за вработениот на Старбакс.

На страницата, на која досега се собрани 98.700 долари, се наведува и дека 100 проценти од парите ќе му бидат дадени на Гутиерез, за да може да го оствари својот сон и да стане професионален танчер.

Незадоволната муштерика на Старбакс го објави видеото на својот профил на Фејсбук на 22 јуни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега