(ВИДЕО) Ким Кардашијан се пофали како го украсила домот: Има 15 елки

Ким Кардашијан на Инстаграм Stories се пофали како го украсила својот дом за празниците и со тоа го привлече вниманието на социјалните мрежи.

Годинава својот дом вреден 60 милиони долари го украсила со дури 15 новогодишни елки со вештачки снег, кои ги поставила во ходникот без никакви украси.

Ѕвездата од серијата „Keeping Up With The Kardashians“ го украсила својот дом во препознатлив минималистички стил оваа празнична сезона, а во Story покажа и голема елка со прекрасни светилки во просторија каде некој свири на бело пијано додека таа го снима видеото.

Инаку, Ким беше на удар на фановите на Тејлор Свифт откако пејачката ја обвини дека психички ја уништила и ја принудувала да се крие за време на нивната долгогодишна расправија. Фановите на пејачката ја повикуваат Ким да се извини и го преплавија Инстаграм на Кардашијан со емотикони од змија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by La Mordida (@lamordidapa)

13.12.2023 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега