Видео кое ќе Ве расплаче: Идна невеста го прашува дедо си дали ќе ја испрати до олтарот

 

Внуците честопати оформуваат специјална врска со своите баби и дедовци.

Кога Тинал Еске требало да зачекори кон олтарот за да го каже судбоносното „Да“, знаела дека не сака да го направи тоа без да го има дедо си покрај себе. Идната невеста го покани дедото да ја испрати заедно со нејзиниот татко до олтарот, а емотивниот маж не можеше да си ги задржи солзите.

Моментот беше снимен, а видеото стана хит на TikTok со повеќе од 1,8 милиони прегледи.

„Сонував за овој момент со дедо од мало девојче. Конечно го прашав дали ќе ме испрати до олтарот заедно со татко ми. Тој е најскапоцениот човек со кого имам специјална врска целиот мој живот. Тој ми даде многу љубов и поддршка. Едвај чекам да го споделам мојот специјален момент со него в година. Го сакам многу“ – напиша Еске во видеото.

@tenealeske My precious grandy, I love you #weddingtiktok #weddingplanning #walkingdowntheaisle #fyp Turning Page (Instrumental) - Sleeping At Last

01.11.2022 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега