ВИДЕО: Крај на хаосот на грчките плажи: Со багери се чистат нелегално поставените лежалки

Грција ги чисти плажите од нелегални конструкции, пренесе Макфакс.

Во борбата за уредување на плажите, грчките власти презедоа радикални мерки.

Од видеото кое го објави Макфакс може да се забележи дека во туристичкото место Неа Флогита на Халкидик, багери се ангажирани за отстранување на сите лежалки и чадори кои биле оставени преку ноќ.

Сопствениците на опремата бурно реагираа на оваа одлука, но властите останаа цврсти во својата намера да го спроведат законот. Лежалките и чадорите беа собрани со багери и однесени на депонија.

Оваа акција е дел од пошироката кампања на грчката влада за уредување на плажите и заштита на јавното добро. Со оваа мерка, властите сакаат да обезбедат еднакви услови за сите посетители на плажите и да спречат монополизација на плажните површини од страна на одредени бизниси.

 

09.08.2024 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега