ВИДЕО: Kуче по 25 дена извлечено од урнатините во Турција

 

Во турскиот град Хатај, еден од најтешко погодените во двата разорни земјотреси на 6 февруари, дури 25 дена по земјотресот од под урнатините, беше спасено куче.

 

Тимовите на АФАД и другите кои работат на отстранување на урнатините во Антака во Хатај, го слушнаа гласот под еден од урнатините, по што следеше потрагата.

По успешното дејствување на тимовите за пребарување и спасување, 25 дена од разорните земјотреси, од под урнатините успешно извлекоа куче териер.

Откриено е дека кучето под урнатините, каде што било затрупано, успеало да најде храна и на тој начин преживеало. Кучето било пренесено во ветеринарна клиника.

За време на отстранувањето на урнатините, било пронајдено и телото на лицето кој бил сопственик на спасеното куче.

Видеото погледнете го ТУКА.

03.03.2023 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега