ВИДЕО: Македонскиот пејач се расплака среде емисија - „Простете, емоциите си го прават своето“
Македонскиот пејач Спасен Силјановски пеејќи песна која неговата мајка ја напишала за друг пејач се расплака среде емисија.
Додека ја пееше песната, тој од почеток до крај плачеше.
„Ќе ми простите што ја пејам со треперлив глас но емоциите си го прават своето….Оваа песна мислам дека е една од најемотивните и најубавите која ја имаме создадено со мојата мајка…за жал не беше ксмет да извадам јас студиска снимка. Прв пат ја изведувам во живо во емисијата “Имат Немат” во придружба на група “Чардак”….Ви ја посветувам на сите вас драги пријатели и љубители на Македонската музика, на сите вас кои знаете што значи зборот МАЈКА ,а посебно за мојот драг другар Bosko Karadakoski“, напиша тој на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа