(ВИДЕО) Маричиќ за ТВ 24: Со овој закон не сакаме да направиме амнестија или помилување

 

Вицепремиерот за евроинтеграции и секретар за меѓународна соработка во СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 24 анализа на ТВ 24, во врска со застарувањето на 14 предмети со 80 обвинети истакна дека експертската јавност се подготвува за Кривичниот законик.

- Оваа тема не е нова. Во моментот кога се носеше законот за ЈО, каков еден од условите во преодните и завршни одредби и во објаснувањето, Владата како предлагач презеде обврска да се отвори прашањето на КЗ за зголемување на ефикасност на судовите и додефинирање на кривичните дела по примерот на германското законодавство. Со овој закон, ниту неговбата цел и краен ефект е било кој случај да биде таргетиран и не сакаме да направиме амнестија или помилување. Овој закон има за цел да додефинира некои кривични дела, да ги нормализира казните, нивото на казни на европско ниво и да ги засили можностите за проширена конфискација. Сакаме таа да се изврши на вистински начин. Не сакаме никого да амнестираме, изјави Маричиќ.

14.09.2023 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега