(ВИДЕО) Надлежните вклучија жолта тревога: Најопасниот вулкан во Мексико почна да исфрла пепел

 

Мексиканските власти издадоа жолта тревога откако вулканот Попокатепетл почна да исфрла пепел и гас во висина до три километри, јави Би-Би-Си.

Агенцијата потсетува дека речиси една недела се случуваат две до три ерупции дневно.

Попокатепетл, кој се наоѓа на 70 километри од Мексико Сити, е еден од најопасните и најактивните вулкани во Мексико.

Жителите на југот на Пуебла се предупредени да се заштитат од пепелта и да се држат настрана од вулканот.

Исфрлањето на пепел од вулканот ги принуди локалните власти во мај 2023 година да затворат училишта во 11 околни градови и привремено да ги затворат аеродромите во Мексико Сити и Пуебло, пишува Би-Би-Си.

21.02.2024 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега