ВИДЕО: Најхрабрите се лизгаа по замрзнатиоте канали во Амстердам, а некои од нив завшија и во ледената воза

 

Во Амстердам, по три години, каналите повторно замрзнаа, што развесели многу граѓани, од кои некои ја искористија можноста да го искористат студеното време и мразот, и покрај пандемијата на коронавирусите, да се лизгаат по замрзнатите канали и езера.

Сепак, можноста за лизгање на замрзнати канали не беше искористена само во Амстердам, туку и во други делови на земјата, каде што замрзнаа и канали и езера.

Сепак, дебелината на мразот не е секаде иста, па многу граѓани на Амстердам кои не обрнуваа внимание на тоа завршија во ладна вода кога мразот попушти под нивните нозе, а таков беше случајот соова момче кое разголено се лизгаше по мразот.

Во еден момент мразот попушти па тој падна во ледената вода.

Премиерот Марк Рут ги повика граѓаните да избегнуваат масовно лизгање со цел да се избегне ширење на коронавирусот и да не се оптеретува дополнително здравствениот систем поради скршеници и други повреди.

Последен пат каналите во Амстердам замрзнаа во 2018 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2021 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега