(ВИДЕО) „Нека се моли да не се сретнеме“ - Меси доби закани по живот поради овој потег во соблекувалната
Лионел Меси го сруши Мексико со својата нова магија и им донесе на Аргентинците злато вредни три бода на Мундијалот во Катар. Колку таа победа значеше за Аргентинците се виде по неверојатното славје во соблекувалната по мечот.
Но, на удар на јавност се најде токму Меси кој доби дури и закани од мексиканскиот боксер Саул Алварез, кој тврди дека Аргентинецот го понижил Мексико и нејзините симболи.
Според видео од славјето во соблекувалната на Аргентина, мексиканските медиуми го обвинија Леси дека намерно со дресот на Мексико, кој го разменил со еден од нивните репрезентативци по мечот, го бришел подот во соблекувалната и одел по него.
На видеото се гледа дека дресот на Мексико, кој Меси го разменил претходно, завршил на подот, па гласни беа критиките кон него во мексиканската јавност. Најгласен во обвинувањата беше боксерот Канело кој се одлучи да му се закани на Аргентинецот со порака дека „нема добро да си помине ако некогаш се сретнат некаде во животот“.
„Видов дека Меси го чистеше подот со нашиот дрес и знаме. Треба само да го моли Господ да не го пронајдам и никогаш во животот да не се сретнеме“ – му порача Канело на Твитер, и дополни:
„Како што јас многу ја почитувам Аргентина, тој така треба да го почитува Мексико. Не зборувам општо за сите Аргентинците, но само за ова ср.ње кое Меси го направи“.
Canelo had some strong words for Messi after seeing his locker room celebration
(via @canelo, nicolasotamendi30/IG) pic.twitter.com/emRRHK1nGO
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) November 28, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа