ВИДЕО: Реакцијата на Меркел во Бундестагот кога сфати дека нема маска (ВИДЕО)
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера се обрати во Бундестагот, а во говорот објасни дека постои реална опасност од новите мутации на коронавирусот кои се агресивни и поради кои мора да се продолжат рестриктивните мерки.
Меркел вчера во своето обраќање во Бундестагот изјави дека вакцинацијата се подобро напредува и дека бројот на инфекции се наоѓа во пад.
„Да беше тоа целокупната слика ќе речев денеска дека сум многу оптимистична. Меѓутоа, во меѓувреме имаме реална опасност од мутациите.
Сите три релевантни нови мутации се јасно поагресивни од изворниот вирус. Поради мутациите настана и несигурноста“, порача Меркел.
Сепак, најголемо внимание привлече нејзината реакција откако од говорницата се врати на своето место.
Канцеларката се сети дека ја има заборавено својата заштитна маска, а откако ширум светот, па и кај нас беа воведени рестриктивните мерки, сигурно е дека во изминатата година повеќето од нас барем еднаш се нашле во слична ситуација и ја заборавиле својата маска.
"Оћу да изађем на телевизор? Чек да ставим маску!" pic.twitter.com/mfSEX7krrY
— Инфоратник (@nLiigjvL1GCBgnu) February 12, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа