(ВИДЕО) Руслана во паника и избезумена: Дали сакате да се случи Чернобил 2?
Украинската пејачка Руслана Лижичко повторно се огласи за руската инвазија во нејзината држава. Овојпат, таа им се обрати и на американскиот претседател Џо Бајден и на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Како амбасадор на својата држава, како победничка на Евровизија, сега зборувам во името на целиот свој народ. Ние бараме од американскиот претседател Џо Бајден и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да го заштитат нашето небо. Украинската војска ќе ја штити државата, но вие мора да го заштитите небото. Донесете ја таа одлука за сигурноста на целиот свет“, вели таа во видеото коешто го објави на Инстаграм.
Исто така, Руслана сподели и видео на кое го постави прашањето „Дали сакате повторно да се случи Чернобил?“.
„Ако Путин го нападне Чернобил, тогаш нема да има што да се спаси“, вели пејачката.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа