ВИДЕО: „Се случи инцидент за време на гаснење пожар“ - ФБИ пристигна во куќата на Бен Афлек
Домот на Бен Афлек во населбата Брентвуд го посетиле агенти на ФБИ, пишува ТМЗ. Двајца агенти биле снимени како стојат пред домот на актерот, а на нив им се придружиле и двајцата заменици на шерифот. ФБИ наводно го истражувал неодамнешниот инцидент во кој приватен дрон се судрил со хеликоптер кој гаснел пожари во Лос Анџелес.
Да потсетиме, Афлек мораше да ја напушти својата вила вредна 20 милиони долари, која остана недопрена од пожарот. Викендов папараците го снимија пред неговата вила со најстарата ќерка Виолет, која во еден момент ја прегрна.
Бројот на загинати во пожарите што беснеат низ Лос Анџелес се искачи на 24, а 100.000 луѓе во моментов се евакуирани од своите домови. Метеоролозите предупредуваат дека очекуваните силни ветрови би можеле дополнително да ги разгорат пожарите во наредните денови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа