(Видео) Се урна шесткатница во Њујорк

 

Се урна дел од шесткатна зграда во Бронкс, Њујорк. Ззасега нема извештаи за повредени, соопштија локалните власти.

На првите фотографии од местото на несреќата се гледа дека собите на аголот од зградата се изложени, а ѕидовите се речиси откорнати. На улицата долу се видливи тули и ѕидови, остатоци од катастрофалниот колапс.

Од противпожарната служба изјавија дека нивната истрага за уривањето на зградата е во прелиминарна фаза, додавајќи дека пожарникарите трагаат по лицата кои може да останат затрупани под урнатините.

Одделот за згради во Њујорк минатиот месец го казни сопственикот на оваа зграда со 2.400 долари за штети што би можеле да влијаат на стабилноста на зградата и да предизвикаат „потенцијален колапс“. Во приземјето на споменатата зграда има неколку дуќани меѓу кои и маркет.

12.12.2023 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега