ВИДЕО: Силен земјотрес ја погоди Јапонија


Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Јапонија, а камерата во Фукушима го сними моментот на земјотресот.

Земјотресот е регистриран во 12:16 часот по локално време. Земјотресот е регистриран во префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на брегот на префектурата Фукушима, на околу 40 километри под земја.
Засега нема информации за повредени или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

04.04.2024 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега