(ВИДЕО) Снеже Велков: Аудициите за водителка ги барав во весник, ама ме одбиваа
Во петнаесеттата по ред епизода од „Бомбакис поткастот“ гостуваше водителката Снеже Велков. Таа искрено говореше за нејзиниот живот, од детството па до сегашните успеси и предизвици.
Прашана за нејзините кариерни почетоци во новинарството, водителката искрено сподели информации со јавноста за сите негативни одговори, но и затворени врати кои ги добила од тогашните телевизии.
„Кога почнав на факултет, реков јас, тука сега во Скопје, ќе бидам водителка. Си барав аудиции. Тогаш во весник си имаше аудиции. Ајде Снеже оди на аудиција и ми велат, „Снеже, не те бива“. Немав никакви врски, јас бев дојдена од Македонска Каменица“, раскажа Велков во „Бомбакис поткастот“.
Како Снеже реагирала на сите затворени врати, дали продолжила да се бори, а и која е личноста која и дала шанса да се докаже во водителските води дознајте во најновата епизода од „Бомбакис поткастот“ со Кристијан Станковски.
Разговорот за кариерата на Снеже Велков започнува во 28 минута од поткастот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа