ВИДЕО: Снимена застрашувачка сцена во детско креветче - служи како предупредување за родителите
Родители споделиле застрашувачко видео како предупредување за другите да не оставаат ќебиња или било што друго во креветчето со бебето додека спие.
Видеото е објавено на страницата „Безбеден сон за бебето“ на ТикТок, која споделува корисни видеа за безбеден сон на бебиња помали од 12 месеци.
Се советуваат родителите секогаш да ги следат основните правила на спиење за мали деца, или познатата „ABC of sleep“, што е кратенка за сами, грб или креветче - бебето спие само без додатоци во креветот и на грб.
Видеото, кое собрало повеќе од 2 милиони прегледи, е снимка која покажува што може да се случи во текот на ноќта ако работите кои лесно се движат, останат во креветот.
На снимката се чини дека бебето го навлекло лесниот прекривач преку главата, поради што почнало да се бори за воздух. За среќа, родителите преку камерите виделе што се случило и побрзале да му помогнат на детето, отстранувајќи ги сите работи од креветот.
Покрај видеото е напишано дека бебето е спасено, но дека не сите бебиња ја имале таа среќа.
„Срцето ми се скрши кога го видов бебето како се бори за воздух“, напишал еден корисник на ТикТок.
„Научена лекција“, искоментирал друг.
This baby was saved in time. But not every baby is as lucky. #sidsawareness #sids #pregnant #babysleep #safesleep #babiesoftiktok #PerfectAsIAm
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа