(ВИДЕО) Трагедија поради лајкови на Тик Ток: Загина 23-годишник откако скокнал во Дунав од 25 метри
На интернет се појави вознемирувачко видео од млад човек кој скокнал од мост во Дунав, кое за жал завршило трагично.
Според медиумските извештаи, сè се случило во вторник попладне, кога Тудор (23) сакал да се сними себеси како скока од мостот заради лајкови на TikTok.
Имено, тој скокнал од висина од 25 метри во Дунав, додека неговиот пријател снимал сè. За жал, наместо тоа, ја снимил својата смрт.
На интернет се појави видео од фаталниот подвиг, на кое може да се види како младиот човек скока во реката, но не излегува од неа. Неговиот пријател почнал да вреска кога сфатил што се случува...
Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!
Трагедијата се случила недалеку од местото каде што Дунав се влева во Црното Море.
Според официјалните лица, Тудор скокнал од толку голема висина, како да се фрлил од 10-ти кат. Спасувачите го пронајдоа неговото тело по околу 15 минути, на длабочина од седум метри, а тројца нуркачи го извлекоа на брегот.
Медицинските екипи веќе чекаа на работ на водата, но и покрај напорите да го реанимираат младиот човек, немаше начин да го спасат. На местото на настанот беше прогласен за мртов.
„Веднаш влеговме во водата на местото каде што очевидци посочија дека паднал. Беше некаде на средината од водотекот. Немаше силни струи, но видливоста со светилки беше до 15 сантиметри. Го пронајдовме на длабочина од околу седум метри“, рече нуркачот Ѓорѓе Кукулеску.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа