(ВИДЕО) Трогателно интервју на актерот Џереми Ренер по несреќата

 

Во своето прво интервју откако го згмечи машина за чистење снег тешка 7 тони, актерот Џереми Ренер вели дека би го направил тоа повторно бидејќи тоа му го спасило животот на неговиот внук.

За време на несреќата во која едвај преживеал, Ренер се здобил со повреди опасни по живот, а 30 коски му биле смачкани. Покрај тоа, тој се здобил со колабирано белодробно крило, скршено ребро и пробиен црн дроб.

Актерот му помагал на својот внук да го извлече автомобилот од длабокиот снег кога се случил инцидентот. Машината наеднаш изгубила контрола и се упатила кон неговиот внук Александар. Ренер се обидел да седне во возилото во обид да го запре, кога одеднаш бил вовлечен под него.

По два месеци терапија, Џереми Ренер во своето прво интервју по несреќата раскажа на кобниот момент.

-Таа одеше директно кон мојот внук. Јас би го направил тоа одново, рекол актерот.

Неговиот внук признал дека мислел дека Ренер е мртов.

„Го гледав во локва крв што му се излева од главата. Истрчав кон него, не мислев дека е жив“.

29.03.2023 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега