(Видео) Турците во Германија ја славеа победата на Ердоган: Излегоа на улица со знамиња и се судрија со полицијата

 

 

Стотици луѓе во Германија, каде што живеат голем број турски граѓани, ја прославија победата на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган на изборите. Тие спонтано се собраа и продефилираа низ улиците на неколку германски градови во долга поворка од автомобили, кои беа украсени со турски знамиња и возеа свирејќи низ улиците.

Славење синоќа имаше низ повеќе германски градови, вклучително и главниот град Берлин, Дибург и Хамбург. Според полициските информации, прославата поминала главно мирно.

Во Манхајм во југозападната држава Баден-Витенберг, сепак, имаше конфликт. Луѓето фрлаа предмети кон полицајците, а дел од колоната се судри со пешаци. Никој не беше повреден.

Во Дибург, според полицијата, на прославата учествувале неколку стотици автомобили и неколку стотици собрани на улиците. Освен неколку огномети, се било мирно.

Во Хамбург, пред турскиот конзулат во близина на железничката станица се формираа долги редици автомобили што свиреа. Само на тревникот пред конзулатот, околу илјада поддржувачи на Ердоган вееја знамиња славејќи ја неговата победа.

Во Германија живеат повеќе од три милиони турски граѓани.

29.05.2023 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега