Видео: Турскиот заводник облече униформа и застана во првите редови да ги гасне пожарите во Турција

 

Освен во Македонија, пожари беснеат и во големата Турција. За жал, ситуацијата таму е далеку полоша, ако се земе предвид дека досега веќе 8 лица загинаа, а голем број се повредени.

Пожари горат во 38 провинции, а во гаснење на огнената стихија учествуваат 16 авиони, 9 беспилотни летала, 51 хеликоптер и повеќе од 5000 пожарникари.

Познатите лица од Турција, на социјалните мрежи постојано бараат помош од светот за спасување на овој туристички рај.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)

Сепак, во целиот хаос кој владее на турската престолнина, вниманието го одвлече турскиот актер Ибрахим Челикол, кој глумеше во „Јазол“, „Милост“ и во многу други турски серии кои се емитуваа на македонските канали, откако и самиот се вклучил да помогне во гаснење на страшните пожари.

Актерот облекол униформа и застанал во првите редови да ги гасне пожарите кои ја зафатија Турција, на неверојатни 112 локации.

Челикол со овој потег уште еднаш ги освои срцата на фановите, кои постојано му заблагодаруваат на социјалните мрежи и се воодушевени од неговата храброст.

 

07.08.2021 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега