(ВИДЕО) Вистински хаос се случува вечерва во Бугарија

Во Софија се игра квалификацискиот натпревар помеѓу Бугарија и Унгарија. Иако е наредено да се игра без публика, сепак, група на разбеснети фанови се најде пред стадионот „Васил Левски“ и протестираше против раководството на бугарскиот фудбал.

Тие бараат оставка од страна на претседателот Борислав Михаилов, и целото раководство на БФС. Пред неколку недели Бугарија го смени селекторот Младен Крстајиќ поради лошите резултати.

Долго време Бугарија бара пласман на едно големо натпреварување. Од 1998 година па наваму, Бугарите немаат пласман на едно Европско или светско првенство.

На разбеснетите фанови реагираше и полицијата која со водени топови и солзавци ја растерпуваше толпата од пред стадионот.

16.11.2023 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега