ВИДЕО: Во немири во Берлин повредени 15 полицајци, уапсени над 300 лица

 

Најмалку 15 полициски службеници се повредени во напади со пиротехнички средства низ Берлин. Околу 300 луѓе, пак, се уапсени по немирите за време на новогодишната ноќ.

Во смирувањето на ситуацијата биле вклучени 4.000 полицајци.

Немирите се случиле пред Црвеното градско собрание на Александарплац кое станало место на меѓусебен конфликт. Околу 500 луѓе, претежно млади, меѓусебно се нападнале со петарди и ракети, кои ги испукувале директно во спротивната толпа.

Нападнати биле и полицајци, а евидентирани се и неколку апсења. Полицијата ја растерала групата кај познатата фонтана Нептун и почнала да проверува во чија сопственост е огнометот, по што група од 200 луѓе почнале да пукаат со пиротехнички средства кон полицијата.

Немири избувнале и во Лихтенраде, јужно предградие на Берлин.

Полициските службеници на самото место успеале да легитимираат 18 лица и кај нив пронашле нелегални пиротехнички средства.

Инаку, токму во Лихтенраде на минатогодишната ноќ се случија најжестоките немири.

Околу 2 часот по полноќ било погодено возило на Брза помош од пиротехничко средство, но се поминало без поголеми последици. Исто така, во Нојкелн, полицијата пронашла гајба полна со молотови коктели подготвени за употреба.

Под полициска заштита, пожарникарите од Берлин изгаснале пожар во пензионерски дом во Нојкелн каде наводно, ракетата влетала низ прозорецот. Спасувачите го извадиле жителот завиткан во термо ќебиња од зградата и им укажале помош на повредените кои го проголтале чадот.

01.01.2024 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега