(ВИДЕО) Жена со синџир се врза за палма во Сплит: Ми го зедоа станот, ќе останам тука додека не умрам

Борбата на Вања Шимлеша од Сплит во Хрватска почнала пред повеќе од триесет години кога била урната зграда со седум стана за изградба на нова зграда. Вања, денеска, по многу години во судови и со молби, ја донесе својата борба директно пред зградата на градската управа во Сплит, каде што се врза со синџири за палма, пишуваат хрватските медиуми.

„Имав сопствен стан 1/1 во приватна куќа. Градот Сплит ја сруши таа куќа. Мене ми дадоа стан за кој морав месечно да плаќам. Тоа го добив за мојата сопственост“, изјави денеска Вања за „Далмација денес“.

Таа вели дека отишла на суд, но залудно.

„Градот Сплит толку многу лажеше, толку нѐ клеветеше, што сите судови нѐ одбија, а јас изгубив сѐ. Им кажав и им напишав на судиите дека ни лудите од лудница нема да дадат свој стан за стан во кој ќе бидеш потстанар. Кој би го направил тоа? Никој“, рече таа.

08.02.2024 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега