„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

 

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје  ги поздравија медицинските работници. Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа.  Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...

Протестниот марш моменто минува покрја хотелот „Холидеј ин“ од каде преку преку мостот „Филип Втори“ и преку булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори. 

24.03.2025 - 20:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега