Викторија Бекам ја отстрани тетоважата посветена на сопругот Дејвид Бекам
Кога се одлучуваат за тетоважи, луѓето често избираат мотиви кои имаат посебно значење за нив, а често паровите си ги посветуваат тетоважите еден на друг и на тој начин сакаат уште повеќе да ја зацврстат својата љубов и да покажат почит и приврзаност.
Така и Викторија Бекам на својот сопруг му ја покажа својата љубов преку тетоважа со неговите иницијали на левиот зглоб, но сега сепак реши да ја отстрани, па многумина се прашуваат дали тоа значи дека „не цветаат рози“ во нивниот брак.
Сепак, поранешната членка на „Spice Girls“ за магазинот „Today“ изјави дека тоа немало никаква врска со нивниот брак.
„Мојот сопруг има толку многу прекрасни тетоважи, како и децата, и тие се многу добри. Им ги правеа врвни уметници, а моите беа дебели и едноставно не изгледаа убаво“, рече таа и додаде дека нема потреба да се бара никакво скриено значење во нејзината одлука да се „ослободи“ од тетоважата.
„Едноставно не изгледаше толку убаво. Тоа е сѐ. Мислам дека медиумите почнаа да шпекулираат дека сум го оставила сопругот. Не, само ми се гадеше од тетоважата. Толку е едноставно“.
Викторија и Дејвид Бекам се во брак 23 години, а за нивната врска многу се зборуваше во медиумите, особено за наводните афери на Дејвид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа