Висок притисокот и холестеролот: Како бојата на храната помага при болести, а црвената е најважна!
Како бојата на храната помага при разни заболувања и зошто е важно да се јаде црвена храна?
Витамини и хранливи материи се наоѓаат во скоро секоја храна и оброк, сепак, вистински шампион во богатството на хранливи материи се секако овошјето и зеленчукот. Освен што е здраво, овие намирници често содржат и малку калории, поради што особено се препорачуваат во диети …
Нутриционистот Светлана Фус откри како да се избере најквалитетен зеленчук или овошје и тоа само врз основа на бојата. Потребно е само да се знае која боја каков вид на “заздравувачки” ефект има. Бојата на овошјето и зеленчукот доаѓа од комбинација на пигменти, од кои повеќето, всушност, имаат многу корисни антиоксидантни својства.
Виолетова боја
Виолетова (антоцијанин) помага значително да се намали ризикот од развој на кардиоваскуларни болести. Исхраната богата со пурпурно овошје и зеленчук, исто така, ќе помогне во регулирање на крвниот притисок и холестеролот.
Црвена боја
Црвеното овошје и зеленчук штити од болести. Ликопенот, кој е содржан во црвените пигменти, ги подобрува корисните својства на храната и се верува дека ако јадете многу зрели домати и црвени бобинки – го зајакнувате имунитетот и крвните садови.
Портокалова и жолта боја
Портокаловата и жолтата храна, се богати со бета-каротен, можат да помогнат во зајакнување на имунитетот и подобрување на видот. Лекарите препорачуваат секој ден да јадете моркови, портокалови пиперки, кајсии, праски и банани.
Bела боја
Алицин, му дава кафеава или бела боја на овошјето, помага да се зајакне меморијата. Исто така, оваа супстанца активно и успешно се бори против воспаленијата и ги убива сите штетни бактерии. Исто така, го намалува ризикот од васкуларни заболувања.
Зелена боја
Зеленото овошје и зеленчук се неопходни за спречување на акутни респираторни заболувања, како и вирусни инфекции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа