Влада: Македонија се гради, магистралниот пат Охрид-Св.Наум од денес е пуштен во употреба
Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, соопштија од Владата.
„Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра.
Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.
Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.
Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија.
Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме.
Државата е на патот на промените“, стои во соопштението од Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа