Владата донесе одлука: Становите поевтинуваат

 


На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор во Битола ќе се продаваат по реални цени, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„– 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен

– 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен

– 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен

Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!

Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи“, пишува во својата објава Николоски.

21.01.2025 - 13:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега