Владата најавува обуки и месечен надомест од 12.000 денари за над 2.000 невработени лица

 


Оперативниот план опфаќа и обуки за жени и млади до 29 години, во рок од 3 месеци со месечен надомест од 12.000 денари, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

„Во рамки на мерката ОБУКИ, во овој циклус предвидуваме вкупно да бидат опфатени над 2.000 лица, со различни профили на поддршка согласно нивните потреби, но и пазарните реалности. Ќе започнам со првата обука којашто е наменета за невработени лица кои што се регистрирани во Агенцијата за вработување и оваа обука ќе биде кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица. Приоритет имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица. Секоја личност ќе добива надоместок од 12.000 денари месечно, за време на обуката којашто е во времетраење до 3 месеци“, рече Митева.

Втората обука, додаде таа, се однесува на обука за веќе побарувани занимања на пазарот на труд. Овде пак, се опфатени 600 лица и фокусот на обуките е потврден со социјалните услуги, зелените работни места и трговијата и услугите. Исто како и во претходната и овде надоместокот ќе биде до 12.000 денари месечно.

Обуки за напредни и основни вештини, тоа се однесува на обуките коишто се за компјутерски вештини и јазични обуки и опфаќаме 720 лица.

„Јас лично би сакала да ги истакнам обуките коишто се однесуваат на напредни дигитални и ИТ обуки, коишто се преку лиценцирани програми. Ќе можете од документот да видите за кои обуки, колку актуелни обуки коишто се навистина побарувани во овој период од страна на многу млади, на многу граѓани се вклучени во оваа мерка, колку се навистина истите овие и финансиски оптеретувања за младите. Сега ќе можат да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на труд“, рече Митева.

30.05.2025 - 14:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега