ВМРО-ДПМНЕ: 25% поголеми плати за 4 години, царинска гилотиња и 8% рамен данок

Време е да ја исправиме Македонија. Имаме стратегија и програма за обнова на Македонија. Со проекти и решенија за секој, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека економијата е нивен врвен приоритет.

-Планирано е воведување на рамен данок на доход и добивка од 8%. Со ова ќе им ги намалиме трошоците и на фирмите и на граѓаните. Ќе им овозможиме подобра бизнис клима, со цел отворање на поголем број на работни места. Наместо за данок, фирмите ќе можат средствата кои ќе ги заштедат од предвиденото намалување да го реинвестираат во производствениот процес, во насока на модернизација на работните услови. Ќе има повеќе за работниците. 25% покачување на платите во еден мандат од 4 години, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека се обврзуваат на, како што велат, целосна царинска гилотиња.

-Македонија ќе биде држава каде може да се води бизнис. И во која секој граѓанин ќе може да успее. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во дописот од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега