ВМРО-ДПМНЕ: Царовска насила спроведува промени, иако учениците сакаат хартиени учебници

Да имаше Мила Царовска барем малку чувство за потребите на сопствениот народ, ќе прошеташе меѓу него и ќе разбереше дека насилната реформа, која ја спроведува во образованието е осудена на пропаст. Наместо тоа, таа повторно не најде време да се соочи со претставниците на околу 75.000 родители, се вели во соопштение на опоизициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Дигиталните учебници без хартиен учебник се неприфатливи за поголем дел од населението, иако само 75.000 се осмелиле, во тоталитарниот режим, да го обзнанат своето мислење. Оние кои немаат дигитални уреди и припаѓаат на ранливите категории нема ни каде, ни кому да се обратат“, се навадувва во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, дополнително не се слуша ниту гласот на учениците.

„Тие бараат, децата бараат, хартиени учебници и настава во училиштата со физичко присуство. Тие самите се повеќе свесни за социјалната разлика која се создава со ваквиот непромислен проект. Тие самите се борат за знаење, додека арогантната министерка упорно натура свои идеи“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега