ВМРО-ДПМНЕ: Деноноќно работиме за изградба на автопати
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не беше против инвестирање и изградба на капитални инфраструктурни проекти, особено кога станува збор за проекти од стратешко значење за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за изградба и развој на патната инфраструктура во државата.
За таа цел веќе почна изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10Д, на кои деноноќно се изведуваат градежни активности, проследени со експропријација на земјиштето кое се наоѓа на трасите.
За Македонија да ја задржи стратешка положба, ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложи и ќе изгради и брза пруга која по текот на коридорот 10.
ВМРО-ДПМНЕ посветено и транспарентно ќе работи, Македонија да ја претвори во центар низ која ќе поминуваат три раскрсници и тоа транспортна, железничка и енергетска раскрсница.
Но, ВМРО-ДПМНЕ секако било и понатаму ќе биде против криминалните начини на склучување на договори за изградба на патишта и капитални инфраструктурни проекти како тие што ги правеше СДС, со кои народните пари наместо за нивна изградба, завршуваат во приватни џебови.
А од друга страна, СДС за седум години власт единствен што направија за патната инфраструктура е играње чочек со зурли и тапани на пуштање во употреба на автопат изграден претходно, исто така, од влада на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа