ВМРО-ДПМНЕ: Филипче криел станови, сега молчи - надлежните веднаш да реагираат


Претседателот на СДС, Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се уште молчи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче молчи 48 часа по објавување на фактите.

Филипче пет стана не пријавил како министер, а сега како пратеник ги пријавува, иако ги имал кога станал и министер.

Филпче, односно неговите анкетни листа од 2018 година и 2024 година, кажуваат едноставна работа. Имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер.

Дополнително, имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а нема ниту информации за приходи од продажба.

Поточно, недвижниот имот на Филипче пријавен во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Недвижниот имот пријавен во 2024 година, а стекнат пред 2018 година тежи над 700.000 евра. Ако се собере целиот имот на Филипче чини околу 1.3 милиони евра.

Ова отвора многу дилеми и прашања.

Зошто Филипче не пријавувал имот кој го поседувал како министер, зошто истиот го пријавува како пратеник, што се крие Филипче?

Надежните институции не смеат да молчат. Филипче беше министер, сега е претседател на СДС.

Антикорупциската комисија и јавното обвинителство треба час поскоро да реагираат и да ги испитаат информациите“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

10.09.2024 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега