ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана министер за зараза и смрт

Министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашното гостување на телевизија канал 5 во емисијата „Само вистина“ кажуваше само ноторни лаги, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на интервјуто.

-Филипче зборуваше дека докторите земаат 100 илјади денари плата, лага за  која Филипче и СДСМ само зборуваат. Срамно е што Филипче по трет пат ветува нов клинички центар и ја лаже јавноста во Македонија дека ќе се гради истиот. Срамно е што лаже дека реновирале здравствени установи, кога за четири години не реновираа ниту една болница, а го сопреа градењето на Болницата во Штип. Го прашуваме Филипче дали е свесен дека додека тој е министер има најголем бран на смртни случаи предизвикани од некој фактор и влијание по Втората светска војна, се вели во реакцијата.

Според партијата, ако неговиот претходник кому Филипче му беше советник тогашната опозиција го викаше министер за смрт, како што се вели во реакцијата, самиот Филипче стана министер за зараза и смрт.

-Додека луѓе умираат Филипче не заборави да си го прошири својот имот на падините на Водно, исто како и неговиот директор на клинички, и сето тоа градено од компанијата која добива тендери од министерството, се вели во дописот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега