ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за Онкологија бегање од одговорност нема да има
Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ денеска испрати соопштение во кое вели дека Филипче во паника и заглавен до гуша во скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда.
- Филипче како министер за здравство дозволи системски башибозук и непочитување на 60 тина законски одредби. Филипче треба да признае и да се извини затоа што не воспоставил систем, немало регистар, немало следливост на онколошката терапија, немало ништо освен системски хаос. Филипче знае и фактите го потврдуваат тоа дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година. Филипче во паника се обидува да го брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Со години веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението наведуваат дека тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани.
- Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија. Филипче треба да знае дека бегање од одговорност нема да има, завршуваат во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа