ВМРО-ДПМНЕ и денеска на протест: „Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава“

Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе доржи повторно протест во главниот град со почеток во 17,30 часот пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ од каде со автомобили кон Владата ќе се движат учесниците во протестот.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски бара поголема поддршка од народот за да се запре Зоран Заев да продолжи да ја продава Македонија.

“ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава”, вели Мицкоски во пораката со која повикува на денешниот протест.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега