ВМРО-ДПМНЕ: Институциите под диктат на Заев ги штелуваат бројките на заразени

ВМРО-ДПМНЕ објави „факти кои го одбележаа денот“. Според партијата, Заев управувал со рекетот и менаџирал со истрагата.

1. Институциите под диктат на Заев ги штелуваат бројките на заразени, Заев сака брзи избори во ек на пандемија.

2. СДСМ ја однесе економијата во амбис. Пад на извозот за 60%. Потребно е мерките за помош на стопанството да важат и за јуни и јули.

3. Заев управувал со рекет и менаџирал со истрагата. Тој мора да одговара.

4. Владата преку НВО ќе плаќа реклами со народни пари и ќе поткупува медиуми.

5. Владата пред избори прави поткуп преку Македонски шуми и со тендер од 8.5 милиони евра купува гласови.

6. Лоши политики за справување со коронавирусот предизвикаа Македонија да биде остров на зараза во регион каде има држави кои немаат ниту еден заболен со недели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега