ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата на плоштадот Магнолија во Битола

„Поради директни опструкции од СДСМ и власта во општина Битола раководена од Наташа Петровска, пред се поради нервозата предизвикана од престојниот пораз на изборите на ВМРО-ДПМНЕ не му беше отстапен јавниот простор пред домот на културата во Битола за промоција на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.“ велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ Ве известува дека ќе ја промени локацијата на презентација, а во 13 часот ќе ја презентира својата предизборна програма на Плоштад „Магнолија“ во 13 часот.

Крајот на СДСМ се ближи.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.“ наведуваат во своето партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега