ВМРО-ДПМНЕ: Коалициите на СДСМ траат само неколку часа додека сами не се дематираат

СДСМ и нејзините коалиции траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ веќе неколку дена излегува со информација дека има парламентарно мнозинство и дека ќе прави влада, а потоа самите се демантираат.

СДСМ е пишманска партија или сега имаме т.н. пишманска СДСМ.

СДСМ треба да излезе и јавно да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави влада.

Доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните.

 

СДСМ ако сака да прави влада треба да се однесува транспарентно.“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега