ВМРО-ДПМНЕ: На 50% обработени податоци Силјановска Давкова има предност од 100.000 гласа

 На 50,7% обработени податоци кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова освоила 196.342 гласа, објави ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците, втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски кој има освоено 92.575 гласа. Трет е Бујар Османи со освоени 48.317 гласа. Потоа следуваат Арбен Таравари со 32.665, Максим Димитриевски со 37.216, Билјана Ванковска 20.961 и Стевчо Јакимовски со 4.792 гласа.

24.04.2024 - 20:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега