ВМРО-ДПМНЕ остана без уште еден советник - Ирена Попова ќе делува како независна

 

Се тенчи мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, откако советничката Ирена Попова од денеска одлучи да ја напушти групата и ќе дејствува како независна. За оваа одлука таа беше наградена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска, пишува СДК.

– Ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје. Не сакам повеќе да бидам дел од групата која ја блокира работата на Градот – рече Попова.

Ова е втор советник кој ја напушта коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Претходно тоа го стори Александар Трајковски, кој како член на ГРОМ, по што беше назначен од Арсовска за заменик-градоначалник.

14.11.2022 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега