ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги осиромаши граѓаните

 


СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните. СДС се тие во чие време на седум годишно владеење до прагот на сиромаштија донесоа над 500 илјади граѓани, кои денот го поминуваа со по 150 денари на ден, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на потпретседателот на СДС.

Според партијата на власт, сиромаштијата во време на владеење на СДС зазеде големи размери, а народот одвај преживуваше.

Од друга страна, додаваат, елитата на СДС се богатеше и луксузираше на грбот на граѓаните.

„Македонската јавност памети дека скапотијата и инфлацијата во време на владеење на СДС беше двоцифрена.

СДС се тие кои што го уништија енергетскиот сектор и ги ограбија енергетските компанија, кои преку наместени тендери се богатеа а народот осиромашуваше.

Токму поради ваквото уништување и грабеж на енергетскиот сектор и компании, цената на електричната енергија се зголеми за 50%.

СДС се тие кои што го зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%.

Затоа, наводната грижа на СДС од опозиција за животниот стандард на граѓаните е лажна и лицемерна“.

Економскиот пустош што го оставија, нагласуваат од партијата на Мицкоски, треба долго време да се санира и среди. Токму затоа, најавуваат дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано презема мерки за подобрување на економската состојба и животниот стандард на граѓаните.

„Расте бројот на странските инвестиции, се зголемуваат плати и пензии, се намалуваат цените на прехранбените производи.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт како граѓаните, така и целокупните општествени чинители, имаат партнер со кој заеднички креираат и носат политики за доброто на сите“.

14.02.2025 - 12:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега