ВМРО-ДПМНЕ: СДС не можат да поднесат што економијата расте без нив
Ја поздравуваме изненадената искреност на СДС: барем еднаш јавно признаа дека македонската економија расте. Проблемот е што не можат да поднесат што тоа се случува затоа што повеќе го нема нивниот хаос, корупција и неспособност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Кога економијата тоне, виновна тогаш беше опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Сега, кога економијата расте и Македонија е во топ 5 најбрзорастечки економии во Европа, одеднаш им текна дека тоа е нивна заслуга?!
Е па, или е ваш успех, или е катастрофа – одлучете се.
Фактите се едноставни:
- Ако економскиот раст бил „нивно дело“, зошто додека беа на власт, Македонија не беше во првите 5 економии, туку меѓу последните 5 по раст? Во периодот 2019 – 2023 година, СДС не само што не обезбеди континуиран раст, туку остави економија во место, капитални инвестиции под 60%, и над 600.000 сиромашни граѓани.
- СДС стави празна каса, нереализирани проекти, зголемен јавен долг и нефункционална администрација. И сега тие ќе зборуваат за „економски темели“?
- Само за еден квартал под раководство на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата:
· растот на БДП е 3.4%,
· зголемена е довербата на инвеститорите,
· стабилизирани се буџетските приходи,
· и за првпат се чувствува дека државата се движи напред, а не во место.
СДС има проблем со реалноста: навикнати се да живеат во свет каде само со партиска пропаганда се „гради економија“. Но граѓаните веќе го гледаат резултатот на терен. И знаат:
Кој гради, а кој распродава.
Кој работи, а кој краде.
Кој инвестира, а кој поставува урнисан асфалт за прес.
Кој ја вади Македонија од кал, а кој ја турна таму.
Затоа, наместо да зборуваат за „нивните политики“, нека одговорат:
- Дали нивна политика беа 14 луѓе изгорени во модуларна болница?
- Дали нивна политика беше криминалниот „Глобал“, пропаднатите ТЕЦ инвестиции и уценетите тендери?
- Дали нивна политика беше да се постават партиски кадри без ден работен стаж на врвот на институциите?
Ако се тоа „економски темели“, тогаш среќа што тие темели веќе се разградуваат со темелна обнова.
И уште нешто:
Граѓаните не се наивни.
Знаат дека растот не доаѓа од флаери и флоскули, туку од работа, план и чесно управување.
Македонија конечно се движи напред – и тоа не е заслуга на СДС.
Тоа е заслуга на граѓаните, на стопанството, и на новото раководство што не се занимава со алиби, туку со резултати.
СДС нека продолжи со соопштенија – ние ќе продолжиме со раст, стои во партиското соопштение на владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа