ВМРО-ДПМНЕ: Вечерва не видовме план од Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на Димитар Ковачевски и порача дека не виделе план од премиерот на Македонија.

„Добро е што Ковачевски се потрудил и ги изанализирал мерките кои Мицкоски утринава ги предложи за стопанството. И тоа го поздравуваме и веруваме дека причината за таканаречена вонредна прес конференција не се штурите и делумно ископирани мерки кои ги видовме вечерва, туку целосната понуда и прецизен план кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го даде утринава. Но тоа не е доволно, зошто вечерва не видовме план, туку прес конференција која е реакција на претходна понуда. Добро е што го прифати предлогот Здравствените установи и школите да влезат на регулираниот пазар на струја, но истото треба да се случи и со јавните претпријатија каде се вработени над десетина илјади граѓани и каде десеткратно повеќе луѓе од тоа користат услуги кои тие ги обезбедуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата жалат што Ковачевски не ја прифатил понудата на Мицкоски за поевтина струја за половина од актуелната цена и да го обезбеди бизнис секторот заштитувајќи го стандардот на граѓаните и зачувувањето ма работни места.

„Она што загрижува е слабиот капацитет на реализација што го има владата како и нејаснотијата дали има или нема договор со Србија и решение за ТЕ-ТО. Како и фактот што пратеничките прашања ги условува со седница за договор за нов заем. И на крајот, ги повикуваме институциите да утврдат дали дезертерот Ковачевски барем формално е деловно способен да ја води Македонија кога е повеќе од очигледно дека фактички ја урнисува државата“, порачаа од опозициската партија.

28.09.2022 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега