ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги спасува од одговорност функционерите кои криминално се богатат, а граѓаните нема кој да ги спаси од корона епидемијата

Вчера Македонија забележа нов црн ден со 118 заразени и 4 починати од коронавирусот, додека Зоран Заев и неговата банда се богатат со рекетирани милиони на грбот на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во стилот на аболицираниот криминалец Зоран Заев, се вели во дописот, јавноста виде еклатантен пример на корупција на негов функционер кој бесрамно зема пари и си ги става во торба, а за тоа има „пас“ од главата на октоподот.

-За само десетина дена видовме како Бојан Јовановски призна дека парите биле кај Заеви, видовме рекет во РЕК Битола, потоа барање на 6 милиони за човек да излезе од притвор и директор кој зема пари и си ги става во торба, а никаква реакција од обвинителството.Поради зафатеноста со бројните криминални афери во кои криминалците на СДСМ изнудуваат  милионски суми и за тоа имаат „пас“ од  Заев, власта нема време да се посвети на здравјето на граѓаните.  Додека СДСМ се занимава со рекет, болниците се преполни со пациенти од коронавирусот. Во услови кога земји од регионот речиси немаат новозаразени, ние броиме по стотици дневно, само поради неспособноста на власта и алчноста на Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ, Филипче и Комисијата за заразни болести покажаа дека не можат да го гарантираат и обезбедат здравјето на граѓаните.

-Единствено што можат да обезбедат се политичките желби на Зоран Заев.СДСМ мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Вирусот наречен СДСМ и Зоран Заев ќе биде поразен на претстојните избори. Изборот е помеѓу обновата која ќе ја донесе ВМРО ДПМНЕ и лагите, неспособноста и измамата која ја донесе СДСМ.  Македонија не заборава а народот ќе ја направи разликата. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега